fbpx

Кога под срцето имаш уште едно: Последниот статус на родилката која почина од корона

Во Сараево почина родилката Белма Шолјанин која била позитивна на Ковид-19. Станува збор за 37-годишна сопруга и мајка на две малолетнички која пред три дена родила и син, па починала.

На „Фејсбук“ масовно се споделува нејзиниот последен потресен статус, информира „Дневни Аваз“.

– Кога под срцето имаш уште едно, а уште две срца имаш дома, секоја компликација, секоја болка, секоја секунда неизвесност, броењето на деновите се вечност. Тој страв не сте го доживеале. Ковид постои! Чувајте се! Ќе даде Господ, па да ви ја раскажам и нашата приказна. Лавовската борба трае, Ви благодарам на поддршката – напиша Белма.

Следни Објави

Куманово и Кавадарци веднаш зад Скопје: Почина една пациентка

Во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 20-Куманово 16-Штип 13-Прилеп 1-Тетово 3-Струга 2-Велес 4-Битола 1-Охрид 2-Кавадарци 15-Гостивар 10-Гевгелија 1-Радовиш 2-Демир Хисар 1-Македонски Брод 2-Виница 3-Свети Николе 5-Кичево 7-Неготино 1 Почината е една пациентка од Скопје во болнички услови. Денеска […]