fbpx

На моите синови им е забрането да ми се насмеат: Потресна исповед на Тања Савиќ

Тања Савиќ одлучи да проговори за мрачната страна од приватниот живот и конечно да раскаже за голготата низ која поминува откако нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ, наводно без нејзина согласност, ги однел децата во Австралија.

Популарната пејачка со солзи во очите раскажа за пеколот низ кој поминува.

– На моите синови точно ја гледам онаа насмевка која не им е дозволено да ја имаат, онаа воздржана насмевка. Тие всушност не смеат да се смеат кога ќе ја видат сопствената мајка, затоа што можам да замислам што зборува нивниот татко за мене – вели Савиќ во емисијата „Гламур специјал“ која треба да се емитува на телевизија „Хепи“.

Тања по четири месеци молк одлучи да го пријави својот сопруг за киднапирање на нивните две деца, синовите Максим и Ѓорѓе. Како што напишаа некои медиуми, Јованчевиќ може да се соочи со парична или со затвроска казна.

– Душан ги однесе децата во Австралија без согласност од Тања. Таа беше уверена дека проблемот ќе го реши зад затворена врата, но откако тој ѝ забрани да се слуша со нив на телефон, почна семејната драма. Го пријави во нашата полиција, а нејзиниот адвокат испрати пријава и во австралиската полиција – вели близок пријател на Савиќ.

Следни Објави

До трето одделение во училиште, останатите онлајн

Настава со физичко присуство за учениците до трето одделение, останатите ќе учат од дома. Ова го предлага Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок со претставници на МОН, пренесува Сител. Преговорите за конечна одлука траат веќе неколку дена и во наредниот период ќе биде познато дали ќе биде прифатен овој предлог.