Алкохолот не треба да се конзумира на денот на вакцинирање против инфекција со коронавирус, бидејќи може да го ослабне имунитетот и ефектот на вакцината. Ова за РИА Новости го објави Евгениј Брун, главниот специјалист за наркологија при Министерството за здравство на Руската Федерација.
– Мислам дека ниту еден лек, вклучително и вакцината против коронавирус, не е компатибилен со алкохол, бидејќи на прво место тоа е токсичен ефект, ослабен имунолошки систем и ослабена вакцина – вели Брун.
Руското Министерство за здравство ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на Ковид-19, изработена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија во Гамалеја, во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции.