fbpx

Голем си Господи: Молитва во време на епидемија!

Господи, Боже наш,

Погледни од Својата света висина врз нас Твоите грешни и недостојни слуги, коишто со нашите беззаконија ја разгневивме Твојата добросрдечност.

Не влегувај во суд со Твоите раби,
сопри го Твојот праведен гнев, смири го Твоето погубно негодување,
сопри го Својот страшен меч, којшто невидливо и безмерно нè посекува, сожали ги горките и бедни Твои раби и не затворај ги во смрт нашите души, коишто во покајание и со скрушено срце припаѓаат кон Тебе, милосрдниот, милостивиот и снисходителниот наш Бог.

Зашто во Твоја власт е да нè милуваш и спасуваш, Боже наш, и затоа ние Те прославуваме, Тебе, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови.

Амин.

Извор: Гевгелиско Архиерејско Намесништво

Следни Објави

Вирусологот д-р Ана Глигиќ: Веднаш ќе ја примам руската вакцина, еве зошто!

Вирусологот Ана Глигиќ за српските медиуми образложи зошто руската вакцина е добра. Таа уверува дека истата е добро тестирана и дека без никаква заддршка би ја примила. – Русите работеа на вакцината САРС и кога тој исчезна, тоа беше замрзнат процес. Веројатно имаа сè што е потребно, само требаше да […]