Популарниот хрватски музичар Крунислав Кичо Слабинац (76) се наоѓа во индуцирана кома и е во животна опасност, дознава хрватски RTL.
Состојбата се искомплицирала по операција на срце. Следувале уште два зафати кои едноставно биле премногу за организмот.
Слабинац неодамна прослави 50 години кариера. Има бројни фанови и во нашата земја, а своевремено се натпреваруваше и на „Мaкфест“.