fbpx

Уште шест деца задржани во болница, почина пациентка на 53 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-38, Куманово-19, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-13, Струмица-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-8, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од: Скопје-117, Куманово-34, Дебар-60, Штип-18, Прилеп-5, Тетово-32, Кавадарци-5, Гостивар-42, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-16, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-3.

Починати се три пациенти, два пациенти од Скопје (60г. и 72г.) и пациентка од Гостивар (53г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12515,  бројката на оздравени пациенти е 9030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2950.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, и 3 пациенти суспектни.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 72 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Следни Објави

Позитивна сум на корона: Северина ги шокира фановите и откри како се заразила

Регионалната поп-ѕвезда Северина Којиќ е позитивна на Ковид-19. Пејачката призна дека има корона и информира дека тестот на нејзиниот син е негативен. – Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна на Ковид-19. Тестот на мојот син е негативен. Веднаш по контактот со епидемиологот, ги преземав сите мерки. […]