Почина Ѓургица Каева, гевгеличанката која боледуваше од пулмонална хипертензија. Таа беше и претседател на здружението „Момент плус“ и во повеќе наврати отворено зборуваше за голготата низ која со години минуваат луѓето со ретки болести.
„Сите сме еднакви, иако сме различни и ретки“, знаеше да каже Ѓургица.
Емотивен статус на социјалните мрежи сподели и нејзиниот сограѓанин, поп-пејачот Игор Узунов.
„Животот – никогаш не е фер! Понекогаш колку и да сме силни, непопустливи пред тешкотиите кои не надвјасуваат, таму горе има некој на кого сме му подраги…
Гуга – моја чест беше што растевме заедно некое време, се боревме секој со својата борба. Рашири крилја сега и покажи им горе кој е најсилниот и најсветлиот ангел!
И, диши слободно… За нас остануваш во нашите срца, врежана како симбол на најголемиот борец што сме го познавале!“, напиша Узунов.
* Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира