Софче Џорлева, познатата македонска вокалистка која учествуваше и во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, поминала две пеколни недели на Инфективна, а за борбата со коронавирусот одлучи да проговори нејзиниот син, младиот поп-пејач Огнен Здравковски кој пред неколку дена призна дека и самиот е позитивен на Ковид-19.
– ДО СИТЕ ШТО НЕ ВЕРУВАТЕ ДЕКА КОРОНАТА ПОСТОИ!!! Сите што ја познавате мајка ми Софче Џорлева, знаете каква жена е.. Секогаш позитивна, насмеана и секогаш со смисла за хумор, па така и успеа да ја победи битката со COVID 19 (Корона Вирус) иако беше премногу критична и ништо не се знаеше!!! 2 недели лежеше на „Инфективната Болница“ во Скопје, со кислородна поддршка, со гушење и со многу намален капацитет на дишење… Конечно после 12 дена со два негативни теста си дојде дома и ја победи битката со овој НАЈГАДЕН ВИРУС!!! БОГ е голем, фала му и слава му!!! Голема благодарност до целиот тим на Инфективно, што 24/7 се грижеше за неа и и помогнаа да ја победи оваа битка!!! – напиша Здравковски на „Фејсбук“.