„Дојдете и кажете ми дека сѐ е во ред. Дојдете и кажете ми дека вирусот не постои и дека можеме слободно да танцуваме во дискотека. Ние сме во херметички униформи на 30 степени, ние работиме додека вие се забавувате, и тоа за дополнителни 100 евра бруто месечно“.
Оваа емотивна порака на медицинскиот техничар Марко Белфијоре од римската поликлиника „Умберто 1“ масовно се споделува на социјалните мрежи.
Во Италија бројот на заразени постојано расте веќе втора недела по ред, а во последните 24 часа се регистрирани 629 нови случаи што е најголем пораст од 23 мај.