fbpx

Македонска пациентка: Пред пет недели ја напуштив болницата, сѐ уште губам здив

Себахат Демирали (65), излекувана пациентка од коронавирус, која 16 дена била хоспитализирана во инфективното одделение во Општата болница во Охрид одлучи јавно да го сподели своето искуство со подмолната болест.

„Желбата за живот ме мотивираше да ги издржам сите препреки кои морам да признаам не беа лесни. Се чувствувам подобро, но сѐ уште при најмал напор, имам замор и губење на здивот и покрај тоа што пред пет недели ја напуштив болницата. Со тек на време се надевам дека ќе ги пребродам здравствените проблеми кои ги имам. Терапијата ја добивав на време, бев пациент со потешка клиничка слика и бев изложена на 24 часовна кислородна поддршка поради тоа што имав и други тешки здравствени проблеми. Се заблагодарувам на целиот медицински персонал за севкупната грижа. Тие ни беа на располагање 24 часа во денот. Директорот секој ден доаѓаше во посета кај сите пациенти и ми даваше поддршка која допринесе да ја пребродам оваа тешка болест. За среќа, закрепнувањето на синот од ковид-19 беше полесно и побрзо. Сега двајцата сме добро и сме најголема поддршка еден на друг“, раскажа таа.

Следни Објави

По овој редослед се јавуваат симптомите на корона!

Научници од Универзитетот во Јужна Калифорнија во нивното најново истражување тврдат дека конечно имаат сознанија по кој редослед најчесто се јавуваат вообичаените симптоми на Ковид-19. „Кај најголемиот број случаи првиот симптом е покачена температура. Потоа следуваат кашлица и болки во мускулите, па гадење, повраќање и дијареа“, открива Питер Кун, професор […]