Почина 35-годишната жителка на село Бузалково која пред два дена била примена на Инфективното одделение во велешката болница и по само неколку часа, поради нагло влошување на нејзината здравствена состојба, итно била префрлена на клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, јави порталот veles365.
Таа починала вчера, откако претходно имала симптоми на зараза со коронавирусот. Според информациите на порталот, жената немала хронични заболувања. Во меѓувреме, се чека резултатот од тестот за да се утврди дали починатата била заразена со коронавирус.