Научници од Универзитетот во Јужна Калифорнија во нивното најново истражување тврдат дека конечно имаат сознанија по кој редослед најчесто се јавуваат вообичаените симптоми на Ковид-19.
„Кај најголемиот број случаи првиот симптом е покачена температура. Потоа следуваат кашлица и болки во мускулите, па гадење, повраќање и дијареа“, открива Питер Кун, професор по биомедицински инженеринг.
Овој редослед бил утврден по испитување на 55.000 пациенти позитивни на коронавирусот.