По тешка борба со коронавирусот почина д-р Радомир Матуновиќ (58), српски полковник, кардиолог, началник на Клиниката за кардиологија и професор на Воено медицинскиот факултет.
Информацијата за неговата смрт вознемири „армија“ пациенти кои го сакаа и почитуваа, како лекар, но и како човек, пишува „Новости“.
Д-р Матуновиќ е добитник на многу признанија од областа на медицината. Го препознаваа по исклучителниот однос со пациентите.