fbpx

Со мајка ми чистев скали, татко ми почина пред да се родам: Животната приказна на Шиковска

Родена сум во сиромашно семејство. Растев без татко и не го познавам. Мајка ми била бремена со мене, како шесто дете, кога татко ми починал еден месец пред моето раѓање, открива Љатифе Шиковска, единствената жена Ромка во новиот состав на македонското Собрание, во интервју за порталот „ММС.мк“.

Шиковска која со години е активна во невладиниот сектор е пред нов предизвик – преку политички ангажман да ѝ помогне на заедницата на којашто ѝ припаѓа.

Љатифе е гостиварка, дипломиран професор по физичко образование. Вели дека мајка ѝ била необразована, но посебна.

– Беше хигиеничарка во училиште во Гостивар, а по работа одеше повторно да работи. Работеше по 16 часа дневно. Работеше за да ни обезбеди сѐ што имавме потреба за развој и образование. Беше феномен од жена. Јас како најмала бев разгалена, но сите ние придонесувавме кон тоа. Не се срамам да кажам дека со неа сум одела да помагам, да чистам скали – признава таа.

По доаѓањето во Скопје на Факултет го запознала сегашниот сопруг со кого има и два сина.

Целото интервју прочитајте го на „ММС.мк“.

Следни Објави

Мудра приказна: Не откривај си ја душата пред сите!

Mлада и многу лична девојка отишла кај еден мудрец целата облеана во солзи. – Што да правам? – го прашала таа. – Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, да не повредувам никого, да помагам кај што можам. Но често, наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. […]