Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има три нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле четири лица.
Бројот на активни случаи изнесува 41, од кои 33 се наоѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 95 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 373.