Ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов и неговата сопруга Деница на 19 август станаа родители. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се роди нивната прва среќа, малиот Бојан.
За Деница, бременоста била убаво и несекојдневно искуство, а породувањето момент кој засекогаш ќе биде дел од нејзините спомени.
„Бременоста ја поминав без никакви проблеми, доаѓав на редовни прегледи кај д-р Петровска и ги следев нејзините препораки. И покрај тоа што сме во ек на пандемија со коронавирус, бев спокојна бидејќи тука во болницата сите носат заштитни униформи, се внимава на секој детаљ за наша безбедност како пациенти“, вели Деница.