Актерката Данијела Штајнфелд која играше во култното остварување „Ивкова слава“ во документарен филм проговори за трауматичното животно искуство.
Во својот проект „Држи ме цврсто“, со кој се претстави и на Филмскиот фестивал во Сараево, одлучи да го обелодени инцидентот поради кој побегнала во Америка, за болното минато во кое била жртва на сексуално насилство.
„Ме силуваше моќен човек од домашната филмска индустрија. Единствено му се доверував на мојот лаптоп. Снимав кратки видеозаписи кои на крајот завршија во документарец. Тие денеска се скапоцен тестамент, бидејќи искрено покажуваат како жртвата се чувствува“, истакна актерката.