fbpx

Нов пресек: Бројот на починати загрижува

Во последните 24 часа се направени 1768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во:

– Скопје 38
– Куманово 23
– Дебар 1
– Штип 3
– Прилеп 15
– Тетово 8
– Струга 2
– Велес 5
– Битола 1
– Охрид 1
– Кавадарци 1
– Гостивар 12
– Струмица 1
– Пробиштип 3
– Пехчево 2
– Берово 3
– Виница 1
– Делчево 3
– Свети Николе 3
– Неготино 1

Починати се 5 лица, една пациентка од Крива Паланка (69г), двајца од Гостивар (77г и 63г), еден пациент од Неготино (69г) и еден од Скопје (70г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од:
– Скопје 19
– Дебар 1
– Битола 3
– Кавадарци 11
– Гостивар 22
– Демир Хисар 1
– Кичево 2
– Неготино-1

Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13799, бројката на оздравени пациенти е 10210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3016.

Следни Објави

Сега е на подобро место: Почина 14-годишната Лана

Лана Станишлевиќ, српската тинејџерка за која слушна и македонската јавност, ја загуби биткта со леукемијата. Храбрата 14-годишна девојка пред четири години успеа да ја победи болеста, но годинава здравјето повторно ѝ се влоши и не успеа да ја дочека трансплантацијата на коскена срцевина во Италија. „Почитувани пријатели, нашата Лана се […]