Лана Станишлевиќ, српската тинејџерка за која слушна и македонската јавност, ја загуби биткта со леукемијата.
Храбрата 14-годишна девојка пред четири години успеа да ја победи болеста, но годинава здравјето повторно ѝ се влоши и не успеа да ја дочека трансплантацијата на коскена срцевина во Италија.
„Почитувани пријатели, нашата Лана се пресели на некое подобро место. Нека ја чуваат ангелите“, напишаа членови на нејзиното семејство на социјалните мрежи.
Оние што ја познаваа, нагласуваат дека била одлична ученичка, девојка со голема харизма, тинејџерка која пленела со своето знаење.
„Зрачеше со топлина, нејзиниот оригинален хумор ќе го паметиме засекогаш“, напишаа нејзините соученици.