fbpx

Беше омилен, многу даде за Битола: Почина доктор Константин Нича

Денес на 98 годишна возраст, во Битола, почина прим. д-р Константин Нича, најстариот битолски интелектуалец, кој многу дал за Битола, како лекар специјалист хирург во битолската болница, а беше и голем поборник на влашката кауза, информира „Битола њуз“.

Примариус д-р Константин Нича е роден на 11 март 1922 година во Крушево, а за време на Втората светска војна бил вклучен во народно ослободителното движење, а бил раководител на СКОЈ. По ослободувањето беше секретар на младинската организација во Крушево.

Во 1945 година ги започнува студиите на медицинскиот факултет во Загреб до 1952 година, а потоа бил единствен лекар по општа практика за крушевската околија.

Во 1959 година специјализира општа хирургија и се вработува во хируршкото одделение во болницата во Битола, каде се до пензионирањето во 1987 година, работи како специјалист по општа хирургија. Во 1972 година доби звање примариус.

Примариус д-р Константин Нича за својата долгогодишна работа беше награден со орден за заслуги за народ, како и со многу други признанија

Погребот на примариус д-р Константин Нича ќе биде утре во 12 часот на Влашките гробишта во Битола.

Следни Објави

Ни остави музичка класика: Почина легендарниот Зоран Георгиев

Почина македонскиот пејач Зоран Георгиев, во Белград на 77-годишна возраст. Георгиев, инаку роден во Охрид, ќе остане запамтен по извонредниот глас и преубавата музичка класика „Еден банкеж“, со која во 1962 година победи на фестивалот во Опатија. Во 2012 година ја доби наградата „Буба Мара“ за животно дело.