Холивудскиот актер Чедвик Боузман, ѕвездата од филмскиот мегахит „Блек Пантер“, почина на 43 години од рак на дебелото црево. Болеста му била дијагностицирана пред четири години, но тој никогаш јавно не го објавил тоа.
Славниот Американец ја почна кариерата во ТВ-серии, пред да ги игра главните улоги во биографските филмови за бејзбол играчот Џеки Робинсон и пејачот Џејмс Браун.
Сепак, ќе остане најзапаметен по улогата во „Блек Пантер“, водачот на измислената африканска нација Ваканда која ја има најнапредната технологија на светот.
Филмот досега заработи 1,3 милијарди долари и беше номиниран за седум оскари, а освои три.