Во Индонезија е откриен вид на коронавирус кој е десет пати позаразен од другите.
Новата мутација на Ковид-19 под ознаката D614G, според моменталните податоци, сепак има помала смртност и се манифестира со помалку компликации.
Научниците велат дека мора дополнително да се истражува дали оваа мутираност се должи на нагло зголемениот број на заболени, пишува „Мирор“.
Индонезискиот епидемиолог Сјаризал Сјариф предупреди дека граѓаните мора да бидат внимателни бидејќи ситуацијата е сериозна и потсети дека локалната трансмисија е надвор од контрола.