fbpx

Се гордеам што сум твој син: Димитров трогателно се прости од мајка си

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, чија мајка Ратка Димитрова, пратеничка во првиот состав на македонското Собрание почина денеска, со трогателна порака се збогува од неа.

– Беше полна со љубов, грижа и чиста енергија, Ратка, моторот на Димитрови. Ведрина, радост и бодрење, поткрепа даваше широкоградо, на толку многу луѓе.

Македонските маки ги доживуваше како да се нејзини лични. Го береше гајлето на нацијата. Блескаше што и да фатеше, од фамилијата, па животниот повик – музиката, до општото, каде имаше само идеали и една чудесна и чиста наивност, толку многу потребна во политиката денес. Синоќа, во последниот повик до татко ми, на крајот го прашала каков бил денот во Собрание.

Со чувство на бескрајна благодарност, исконска љубов, восхит и огромна тага, да ти биде светол патот мајко моја јунак! Се гордеам што сум твој син – напиша Димитров на „Фејсбук“.

Следни Објави

Нема да има можност за работа по навршување на староста за пензија

Задолжително пензионирање на 64 години за мажи и 62 години за жени ќе изгласа Владата во првите сто дена од мандатот, најави синоќа премиерот Зоран Заев во првата изјава по изборот зборувајќи на темата за рационализација на јавната админстрација, пишува „Фактор“. Со тоа ќе се укине можноста некој вработен и […]