fbpx

Нема да има можност за работа по навршување на староста за пензија

Задолжително пензионирање на 64 години за мажи и 62 години за жени ќе изгласа Владата во првите сто дена од мандатот, најави синоќа премиерот Зоран Заев во првата изјава по изборот зборувајќи на темата за рационализација на јавната админстрација, пишува „Фактор“.

Со тоа ќе се укине можноста некој вработен и по навршувањето на годините за пензионирање да може да остане на работа, опција која сега ја има. Заев сепак рече дека исклучок од ова ќе бидат здравствените работници.

„Законот ќе биде изгласан од првите сто дена, а ќе биде со важност од 1 јануари следната година. Тоа значи задолжително пензионирање на 64 години за мажи и 62 години за жени. Исклучок од тоа ќе бидат здравствените работници, лекарите и медицинските сестри и вработени во високото образование кои се навистина дефицитарни кадри. Потоа ќе има можност за предвремено пензионирање со пет години порано одење во пензија, но и можност за префрлување на некои административци во приватниот сектор, во соработка со стопанските комори за поголеми плати таму“, рече Заев.

Следни Објави

Летен распуст во скафандер, болат сите негледања со моето семејство

Писмена работа на тема „Како си го поминав летниот распуст 2020?“: Во скафандер. И летав со параглајдер. Толку. Поправка на писмената работа: Да, точно, можеше многу поинаку да биде. Можев многу повеќе да бидам со Јанкуловци дома. Да се дружам со луѓе многу повеќе.Но не, не жалам за сите оние […]