Познатиот босански медиумски работник Елдар Дропиќ почина на 50-годишна возраст на Универзитетскиот клинички центар во Тузла.
Дропиќ последните 15 дена се борел со инфекција предизвикана од Ковид-19.
„Беше најверен другар со кого можевме да се шегуваме за било што, освен за фудбалскиот клуб „Слобода“. Веста за неговата смрт не шокираше сите. Беше врвен монтажер, имаше решение за било каков проблем“, велат неговите колеги од РТВ ТК.