fbpx

Летен распуст во скафандер, болат сите негледања со моето семејство

Писмена работа на тема „Како си го поминав летниот распуст 2020?“:

Во скафандер. И летав со параглајдер. Толку.

Поправка на писмената работа:

Да, точно, можеше многу поинаку да биде. Можев многу повеќе да бидам со Јанкуловци дома. Да се дружам со луѓе многу повеќе.
Но не, не жалам за сите оние денови непоминати со семејството, роднините и пријателите. Не жалам затоа што деновите ги поминував за нивно добро и здравје, во скафандер кој никако не е за 30 и + степени.. И се уште траат деновите исполнети со полна заштитна опрема. А тие денови, тие непоминати денови ќе ги имам повторно затоа што сите ми се тука, на број. Болат сите негледања, несредби, непрегрнувања но не болат колку можноста дека сето ова можеше да биде пократко, да биде веќе поминато, некоја блиска историја.
Боли фактот што не научивме ништо за функционирање во вакви услови. А за жал, ваквите услови, сакале ние или не, односно не сакале, верувам дека ќе ни станат почести. Ќе помине короништево па ќе дојде некое друго -иште.
И она што мора да направиме, барем оние кои ништо не направија овие месеци е да прифатат дека некаде длабочините на шумите, океаните и којзнае каде ли не се преполни со вакви мали чудовишта кои чекаат да го видат светлото на денот. Но истото го чекаат и многу епрувети во фрижидерите на лабораториите по америки, кини, русии и којзнае каде ли не.
Впрочем не е ни битно каде се и како доаѓаат кај нас. Доаѓаат и пречат. Многу пречат.
Никој не го сакаме овој начин на живот, се надевам што побрзо да се врати она старото, па макар и видоизменето. Ми недостасуваат луѓе. Ми недостасуваат прошетките до Чешма на индијанка во Шехерезада, ми недостасува облеката без скафандер. Токму затоа и јас и сите мои колеги и колешки го правиме ова што го правиме – што побрзо да се видиме како што сакаме. Тешко е….да не се лажеме, не е едноставно, навлегуваме веќе во 6ти месец. Но јас, а знам и дека ниту еден здравствен работник и покрај тежината и теретот на плеќите што го носиме НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ до потполно исчезнување на короната. А колку повеќе имаме соработка, колку пореално се прифати ситуацијава, толку побрзо ќе се дружиме на Школка, во ДКЦ, на работилници во прекрасни кафе ресторани.
Затоа, еве по милионити пат апелирам – почитувајте мерки прво за себе, па за вашите блиски, особено постарите членови од семејствата, па за подалечните, па за комшиите, пријателите, непознатите со кои се среќавате и на крај – за сите нас и вас. Не е тешко, промена е, разбирам, ама човек лесно се прилагодува на промени особено кога се работи за здравје.
Затоа што моето и твоето здравје се јин и јанг. Само ЗАЕДНО можеме и треба да фунционираме.
Се ќе биде во ред 

Ваш Денко Космонаутко

Фејсбук-статус на Денис Јанкуловски (Центар за јавно здравје)

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Беше најверен другар: Познатиот монтажер почина од корона

Познатиот босански медиумски работник Елдар Дропиќ почина на 50-годишна возраст на Универзитетскиот клинички центар во Тузла. Дропиќ последните 15 дена се борел со инфекција предизвикана од Ковид-19. „Беше најверен другар со кого можевме да се шегуваме за било што, освен за фудбалскиот клуб „Слобода“. Веста за неговата смрт не шокираше […]