fbpx

Филипче откри: Еве кога ќе стигне вакцината и кој ќе ја прими!

Вакцината не е во календар и нема да биде задолжителна, барем не на почеток. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, кои ќе бидат препораките. Ова вечерва го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Филипче нагласи дека за пристап до вакцината постојат два механизма. Едниот преку СЗО механизмот наречен КОВАКС, преку кој оваа организација се обврза еднакво да дистрибуира вакцина до сите земји се додека не се вакцинира 20 отсто од населението.

Вториот механизам земјава да дојде до вакцина е преку ЕУ. Оксфордската вакцина која се очекува да ја произведува Астра Зенека земјава ќе може да ја добие преку поласката амбасада која ни дала понуда да купиме одреден број дози од тие кои ќе им бидат доделени ним.

„Реалните очекувања се вакцината да биде достапна на почеток на 2021 година“, рече Филипче.

Следни Објави

H&M влегува во Македонија: Светскиот бренд во новите трговски центри

Познати интернационални ланци маркети, ама и познатиот бренд H&M, полските LPP и CCC планираат влез на македонскиот пазар.  Фактор има потврда за преговорите кои овие компании ги водат со менаџментот на трговските центри во земјава, но оттаму тврдат дека со оглед на тоа што договарањата се доверливи посебни детали не […]