fbpx

H&M влегува во Македонија: Светскиот бренд во новите трговски центри

Познати интернационални ланци маркети, ама и познатиот бренд H&M, полските LPP и CCC планираат влез на македонскиот пазар. 

Фактор има потврда за преговорите кои овие компании ги водат со менаџментот на трговските центри во земјава, но оттаму тврдат дека со оглед на тоа што договарањата се доверливи посебни детали не може да се објавуваат.

Македонскиот пазар за овие брендови бил интересен со оглед на тоа што, статистички до пред кризата предизвикана од Пандемијата на Ковид -19 има раст на внатрешната трговија во земјава, особено во делот на продажба на стока за широка потрошувачка.

Според информации на Фактор, влез на пазарот разгледуваат освен германски ЛИДЛ и уште неколку други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот, меѓу нив и познатите SPAR и BILLA.

Во делот на таканаречена брза движечка мода пазарот сериозно го анализира шведскиот H&M. Овој ланец продавници за граѓаните во земјава се уште не е достапен иако дел веќе пазаруваат оттаму во шопинг центрите кои се во земјите од регионот.

Според официјалните податоци на интернет-страницата на H&M, групацијата планира во 2020 година да затвори 170, но во исто време има план за отварање на нови 130 продавници како на постоечките, така и на нови пазари.

Следни Објави

Наташа проговори: Ме остави без сопруг и бебе, а доби условна казна

Кривичниот суд во Скопје денеска ја изрече пресудата за сообраќајната незгода кај Млечениот ресторан во Скопје во 2018 година, во која животот го загуби едно лице, а неговата бремена сопруга и сопатничка се здоби со тешки телесни повреди и го загуби плодот. Жртвите беа патници на мотор чиј пат го […]