fbpx

Се јавува кај децата: Откриен е уште еден симптом на корона

Истражувачи од Универзитетот Квинс во Белфаст проучувале деца и тврдат дека дијареа, повраќање и грчеви во стомакот кај децата можат да бидат знак на инфекција со коронавирус.

Лекарите тестирале примероци од крв од скоро 1.000 деца за да утврдат дали неодамна имале коронавирус. Резултатите објавени како драфт студија на веб-страницата medRxiv откриваат дека 68 од 992 деца имале антитела кон вирусот, што укажува на тоа дека во одреден момент биле заразени со вирусот САРС-КоВ-2.

Половина од позитивните деца имале симптоми. Треската била најчестиот симптом, ја имале 21 од 68 деца кои биле позитивни на антитела на коронавирус.

Кашлицата била исто така честа, но помалку специфична, а децата кои имале негативен тест ја пријавиле исто како и позитивните. Гастроинтестиналниот симптом, како што се дијареја, повраќање и грчеви во стомакот, се појавиле кај 13 од 68 деца позитивни со антитела и се чини дека се значително поврзани со зараза со коронавирус.

Губењето на мирис или вкус било поретко, пријавено од само шест деца со антитела. Ниту едно од децата во студијата не било сериозно болно, ниту имало потреба од хоспитализација.

„Знаеме дека, за среќа, повеќето деца кои ќе се заразат со коронавирусот нема да бидат сериозно болни, но сè уште не знаеме колку деца можат да го рашират. Откривме дека дијарејата и повраќањето се симптоми пријавени од некои деца и мислам дека вреди да се размисли за нивно вклучување на списокот на познати симптоми“, изјави водечкиот истражувач на студијата, д-р Том Вотерфилд.

Следни Објави

(ФОТО) Со мајка си во Охрид: Марјана покажа од кого ја наследила убавината

Популарната водителка и лото-девојка Марјана Станојковска ужива во убавините на Охрид. Станојковска откри дека во нашиот туристички бисер се одмара семејно објавувајќи фотографија со мајка си и конечно покажа од кого ја наследила убавината.