Поранешниот српски репрезентативец Дарко Дамнјановиќ почина на 35-годишна возраст.
Спортската јавност е шокирана по веста за смртта на познатиот кошаркар која ја потврдија и од неговиот клуб КК Риверс.
„Најчесто играм и молчам, не се нервирам и не покажувам емоции. Се обидувам да се фокусирам на играта, да ја искористам секоја грешка на противникот. Одбраната ми е можеби слаба страна, споро се движам, но тоа го надополнувам со добар напад. Едноставно го сакам баскетот, тоа е мојот живот“, раскажа Дарко во едно интервју.