По само два дена од потврдата дека е позитивна на Ковод-19 денеска почина 35-годишната Магдалена Темелковска од Ресен. Таа се лекувала дома, а според она што го објави Центарот за јавно здравје Битола на 4 септември кога ѝ е потврден вирусот не дала податок дека имала контакт со претходно потврден случај на Ковод-19.
Според извори на порталот „Независен“ од Ресен, Темелковска се лекувала дома, но во текот на ноќта нагло ѝ се влошила состојбата, па починала рано утрово. Зад себе остави две малолетни деца.
Веста ги шокираше ресенчани кои велат дека била мајка за пример. Ова е втор случај во градот да почине млад човек од корона вирусот. Во јуни од компликации од вирусот прерано замина и Илчо Котевски на четириесетгодишна возраст.
Темелковска околу 20 август била на одмор во Струга со ваучерите од владата за развој на домашниот туризам. По престојот таму се вратила во Ресен и неколку дена подоцна ги почувствувала првите симптоми.