Полицијата не сака да ми помогне, ве молам помогнете ми некако, многу сум уплашена и вака веќе не можам да живеам. Ова низ солзи по телефон за порталот ММС.мк го изјавила хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова.
Жената од македонскиот оскаровски документарец со години има проблем со соседот кој со семејството исто така се појавува во филмот.
– Мене тој човек животот ми го упропасти, неговото куче ме искасапи. Ме уништи, пчелите тој ми ги украде, и сега секој ден провоцира со нешто ново. Сега дојде до момент да ми ги руши ѕидовите. Ако не ми помогне полицијата бидејки ме сметаат за Турчинка да се обратам ли во турска амбасада. Што да направам? – се жали Атиџе.
Целата приказна ја имате ОВДЕ!