fbpx

Месечно добивал по 1.000 евра од татко му, мајка му го избркала од дома: Кој е синот на Жан Митрев?

Информацијата дека Македонецот обвинет за тероризам во Германија е син на реномираниот доктор Жан Митрев, еден од најпочитуваните лекари кај нас, сериозно ја разбранува домашната јавност.

Според обвинителството во Франкфурт, Филан Митрев и двајца турски државјани подготвувале напад со домашно направени бомби, за кои веќе имале набавено експлозив.

Според германските власти, нападот требало да биде изведен како поддршка на ИСИС. Планирано било да се нападне локален бар и да убијат што повеќе „неверници“.

Повикувајќи се на текст на „Франкфуртер Рундшо“, порталот „360 степени“ пишува дека Филан пред неколку години ја променил својата вера и преминал во ислам.

Наведено е дека таткото на Филан М. подолго време се обидувал да му помогне на својот син да излезе на правиот животен пат, затоа и му помагал финансиски да учи во неколку приватни училишта, но Филан ги напуштал.

На судењето било споменато дека тој месечно добивал по 1 000 евра од својот татко, бидејќи ги побарал за да изнајми трафика за работа, но на прашањето на што ги трошел парите Филан не дал одговор.

Потенцирано е дека тој потекнува од угледни родители, дека неговата мајка е медицинска сестра, а неговата сестра – одлична ученичка.

„Иако неговата мајка, која е разведена од сопругот, и го избркала синот од домот поради неговото однесување, присуствуваше на неговото судење“, се вели во текстот.

Понатаму, се дополнува дека Филан признал дека бил и зависник од дрога и дека претходно бил обвинет и за грабеж и насилство.

Следни Објави

Преку ноќ се омажи, но бргу се предомисли: Се разведе поранешната Мис на Македонија

Познатата манекенка и поранешна Мис на Македонија, Емилија Розман, се разведе по само неколку недели брак, пишува „Слободен печат“. Љубовта на прв поглед неславно заврши, а причината за разидувањето со партнерот Стефан Ангелкоски кој ја побара за жена по само 24 часа врска засега е енигма. – Се’ се случи […]