fbpx

Преку ноќ се омажи, но бргу се предомисли: Се разведе поранешната Мис на Македонија

Познатата манекенка и поранешна Мис на Македонија, Емилија Розман, се разведе по само неколку недели брак, пишува „Слободен печат“.

Љубовта на прв поглед неславно заврши, а причината за разидувањето со партнерот Стефан Ангелкоски кој ја побара за жена по само 24 часа врска засега е енигма.

– Се’ се случи со молевита брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа. Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми. Кога ја испружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид. На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“  Јас реков – зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не ни успеа бидејки Стефан немаше извод. Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце.  Секако реков ДА – раскажа детално Розман во интервју за „ММС“ во јули годинава.

Следни Објави

Се штитам со морска сол и оцет: Благица Павловска тврди дека короната е вештачка

Благица Павловска тврди дека коронавирусот е измислена болест. Популарната македонска пејачка не стравува од зараза поради, како што вели, нејзиниот силен имунитет. „Пред секое патување, и а воопшто кога сум дома, правам инхалација со морска сол и со јаболков оцет. Со години себеси се третирам со солена вода, се парам […]