fbpx

Се штитам со морска сол и оцет: Благица Павловска тврди дека короната е вештачка

Благица Павловска тврди дека коронавирусот е измислена болест.

Популарната македонска пејачка не стравува од зараза поради, како што вели, нејзиниот силен имунитет.

„Пред секое патување, и а воопшто кога сум дома, правам инхалација со морска сол и со јаболков оцет. Со години себеси се третирам со солена вода, се парам со солена вода и се мачкам со оцет. Правам пареа на лицето, инхалација на грлото. За осми март пеев во Канада, па бев во Швајцарија. Тоа беше почетокот на корона кризата кај нас. Интересно е што дозвола за настапи имаше само локалот каде што пеев јас, во другите не беше дозволено и настапот ми помина одлично. Веднаш откако се вратив, се заострија мерките“, вели Павловска за „Женски магазин“.

Таа нагласува дека е отпорна на сите вируси, затоа што нејзиниот организам создал имунитет.

„Да не даде Господ овој вирус да дојде до било кој од нас, но јас сметам дека мојот организам е борец“, вели Благица која смета дека од сите лоши нешта ја штити и нејзината верба во Бог.

Следни Објави

Колегите во шок: Марио почина од корона, имаше само 30 години

Младиот новинар Марио Пинјух од Меѓугорје почина на 31 година од коронавирус, информираат босанските медиуми. Пинјух последните две години бил вработен во радиото Мир. Неговите колеги се шокирани од трагедијата и масовно се простуваат од него на социјалните мрежи. Марио е роден на 5 мај 1990 година во Мостар. Дипломирал […]