Почина професорката во СОУ „Димитар Влахов“, Весна Николова, јавува порталот „Струмица денес“.
Беше внимателна со секој ученик и знаеше како да пристапи во различни ситуации со различни ученици. Ја сакаа сите ученици, ги сакаше и таа нив, пишува истиот портал.
Пред малку беше објавена последната нејзина објава на „Фејсбук“:
Почитувани пријатели,
Во името на нашата Весна, нејзината последна објава.
Заминав во светот на Вечноста.
Моето испраќање од мојот дом е денес во 12:00 часот.
Погребот е во вторник во 14:00 часот.
Довидување во еден поубав и поправичен свет.