fbpx

Те сакам, докторе: Алачки проговори за односот со Жан Митрев

Те САКАМ Докторе Жан Митрев, од тука до небото и назад!

Колку добрини мене ми направивте, а да не зборувам за целиот свет.

Прв пат го видов во Германија во Mainz, во црковната сала каде пеев за Велигден ,пред 20- тина години. На Велигденската прослава беа половина германци, пријатели на македонскиот клуб во Mainz, кои буквално не го оставаа да здивне, сите му се поклонуваа во тоа време. Од сцената го забележав токму заради неговата скромност.

Се запознавме лично кога дојде со двете деца во рацете позади сцената, да ме замоли да му ја отпееме ,, Земјо Македонска” и верувале или не, не ги испушти децата од рацете цела вечер, дури и играше на орото со нив во двете раце. Пред прв пат да го запознаам, ја гледав на СНН операцијата што тој ја извршуваше на отворено срце и кога слушнав дека е Македонец, посакав раката да му ја бакнам и да го прегрнам. Господ веднаш ми ја исполни желбата и за Велигден токму заедно во Германија. Очите не ги вадев од него, колку грижливо се однесуваше кон децата и си велев,, Господе голем си, како не му паднаа рацете”. Кога се поздравивме за заминување ми кажа,, за лошо за арно” побарајте ме” и ми се заблагодари за песната.

Но животот ги пишува романите после долго, долго години… додека слетував во Токио, Јапонија, го пуштив телефонот и добив порака од керка ми дека е ,,готова” мојата мајка, враќај се. Ми се одзедоа и рацете и нозете, веднаш ми падна на ум да му се јавам. Неговиот одговор беше,, веднаш, сега, се што е во мојата моќ, ќе испратам возило да ја донесат и ми го затвори телефонот. Додека барав билет веднаш да се вратам назад ( ми рекоа следниот лет е за 24 часа) докторот ми се јави, ми кажа дека мојата мајка буквално е вратена во живот, терај си ја работата, ние сме тука. И благодарам и на Др. Борјанка Танева која учествуваше несебично во тој чин. Која радост, кој спокој, да можев да полетам….ах докторе колку си голем. Jас сум само капката во океанот на кого се помогнал.

Месечно добивал по 1.000 евра од татко му, мајка му го избркала од дома: Кој е синот на Жан Митрев?

Господ не става на многу пеколни искушенија во животот, можеби токму ние ќе ги чистиме кармите од претците. Седете си мирни и како велеше мојата баба,, плукни си синко во пазувите, деца имаш и не зборувај, ни суди за туѓите”.

Гледајте си го својот живот и своето гајле бери си го. Кај што си се наситил, ќе те стигне…затоа!!! За дете, боли до срж, ама до срж. Престанете со злоба, помолете се! Господ е семоќен. Гледајте си во својата чинија.

Фејсбук-статус на Адријана Алачки

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Нагло починала: Познати деталите за смртта на 23-годишната скопјанка

Пациентката од Скопје која на 23 години почина на Инфективната клиника по компликации од Ковид-19 имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и Морбус-Кушинг ендоринолошко заболување, инфотмираат од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК. „Смртта настапила нагло“, велат од Министерството. Таа била потврдена позитивна на 5 септември, а претходно 4 дена била со симптоми […]