Познатата пејачка, водителка и мотивациски тренер, Јулија Мациевска, одлучи да проговори за болеста на нејзината ќерка. Таа со емотивна посвета ѝ го честита роденденот на Андријана, а истата ви ја пренесуваме во целост.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АНДРИЈАНА
И ова утро сонце мајкино започнува со помислата на тебе… Ќе го славиме твојот Ден, твојот роденден, кој ти е дар од Бога. Денот кој ме потсеќа на мојот најголем подарок од Бога, кога прв пат го слушнав твојот плач, кога прв пат те здогледав и се воодушевив од моето бебе.
Овој роденден се разликува од сите досега, затоа што си ставена на големо искшение, а и ние со тебе, сонце наше. Ни претстои битка за која знам дека ќе ја изодиме, за која знам дека ќе победиме како и многу пати до сега. Ти нежна, ранлива, никогаш прегласна, никогаш наметлива, во својот свет… Секогаш со разбирање и трпеливост за сите, секогаш спремна да голтне, никогаш да не повреди, никогаш да каже лош збор… Ти сонце мое и сега кога ги трпиш најголемите болки, велиш ќе биде добро, ќе помине… свесна, присебна… велиш дури сега се соочив со стравот, дури сега го чувствувам Божјото водство и знам дека ова е за мое најголемо добро…
Ќе се спријателам со канцерот и потоа ќе се поздравиме како најдобри пријатели и ќе продолжиме секој по својот пат…
Љубов моја, нема да пишувам фермани, жалопојки, зашто доста испативме, но да ти ветам нешто малку е… ти знаеш, јас знам и те гледам како ПОБЕДНИК.
Те сакаме со сето срце, јас и Стеф!
Усте еднаш, СРЕЌЕН РОДЕНДЕН СИНЕ!
Авторски текст не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.