Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано нека се случи се’. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае, вели Игор Џамбазов за врската со познатата алпинистка и уметница Илина Арсова.
Нивната љубов пред неколку месеци ја возбуди македонската јавност, а актерот и шоумен сега одлучи да открие детаљи од нивната романса.
– Се запознавме пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав: „Сите сакаат да се запознаат со мене, а еве, јас сакам да те запознаам тебе“. Потоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас сменив локација. По неколку месеци ми се случи првиот здравствен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време сè до карантинот. Се сретнавме во Дојран, а сè потоа е историја – раскажа Џамбазов за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Два осамени врвови се сплотија: Илина проговори за љубовта со Џамбазов