Мобилните телефони можат да го пренесат Ковид – 19, покажа најновата студија направена на римскиот универзитет „Тор Вергата“, објави агенцијата „Танјуг“.
Луѓето многу често забораваат да го дезинфицираат овој предмет, иако истражувачите потврдиле дека 93 отсто од студентите кои практикуваат пракса во болнички одделенија користат мобилни телефони, но само 16 отсто потврдиле дека носат нараквици. Само три отсто од анкетираните одговориле дека секојдневно ги дезинфицираат своите мобилни телефони.
Професорот Џанлорето Д’Ало вели дека доволно е да се користат салфетки натопени во раствор со најмалку 70 отсто алкохол за чистење на телефоните.