fbpx

Починаа уште пет лица, сè повеќе млади умираат

Министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, истакна дека загрижува последниот тренд на поголем број на смртни случаи од Ковид-19 во Македонија на дневна основа.

– Околу пет за жал починати пациенти се во последните 24 часа, информација што ја добив тукушто. Се работи за болест во тешка клиничка форма. За сите се превзема се, а дел од младите починати претходно се со сериозни коморбидитети кои ја намалуваат шансата за преживување. Правиме анализа во моментов зошто имаме по осум смртни случаи дневно. Не сакаме да имаме преполни болници. Анализата ќе заврши во понеделник и ќе кажеме на што се должи тоа – изјави Филипче во Чаир.

Следни Објави

Трагедија во Скопје: На Гинекологија починаа родилка и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза“ во Скопје , вечерва починала родилка врз која вчера бил спроведен царски рез и било констатирано дека бебето е мртво. Случајот за Канал 5 го потврди директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска, која повеќе детали најави за утре. Јовановска информира […]