fbpx

Трагедија во Скопје: На Гинекологија починаа родилка и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза“ во Скопје , вечерва починала родилка врз која вчера бил спроведен царски рез и било констатирано дека бебето е мртво.

Случајот за Канал 5 го потврди директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска, која повеќе детали најави за утре.

Јовановска информира дека станува збор за родилка на која ова и била 12-та бременост и дека досега имала шест абортуси и шест раѓања.

Од семејството на родилката велат дека таа на Гинекологија била однесена вчера и откако било направено Це Те Ге на детето било констатирано дека се’ е во ред и тврдат дека за тоа поседуваат и документ.

Како што кажуваат од Клиниката, пак, на жената и кажале дека Це Те Ге- то не е добро и ѝ рекле за саат време да се врати назад на уште една проверка. Но, кога ја побарале, таа била замината дома.

Според роднини на родилката, откако наводно ѝ било кажано да дојде денеска на нов преглед, по два часа од прегледот направен вчера на пат кон дома, како што објаснуваат нејзини роднини, родилката прокрварела и била повторно вратена назад, по што била подложена на царски рез.

Следни Објави

(ФОТО) Има нова сопруга и чека принова: Пере од „Нокаут“ по третпат ќе стане татко

Никола Перевски-Пере, пејачот на популарниот бенд „Нокаут“ има нова сопруга и наскоро по третпат ќе стане татко. Неговата избраничка се вика Јована Темелковска и му е поранешна девојка со која по четири години пауза лани ја возобновил љубовната врска. – Во стиховите на темата „Сакам да живеам“ се содржани последните […]