Од корона почина момче од Свети Николе на 22 години

Момче на 22 години од Свети Николе почина од коронавирус, соопшти велешкиот градоначалник Аце Коцевски.

Момчето најпрво се лекувало на Инфективното одделение од болницата во Велес, но поради компликации, минатата недела било итно пренесено во Скопје.

Од Инфективната клиника во Скопје велат дека пациентот имал коморбидитети, односно висок крвен притисок, епилепсија и прекумерна телесна тежина.

Следни Објави

Уште седум мртви, досега починаа 700 пациенти од корона

Во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 10-Куманово 4-Штип 1-Прилеп 1-Тетово 5-Гостивар 4-Крива Паланка 1-Радовиш 1-Кочани 9-Пробиштип 1-Берово 5-Делчево 1-Кичево 2 Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип […]