Струмичанецот Абди Демиров бара помош од институциите и моли да се соберат пари за да се пренесе телото на негов другар, инаку жртва на коронавирусот.
– Денеска изгубивме пријател, другар, брат од Ковид 19. Ибраим Љатифов е познат во нашето мало како верник и како добар татко и сопруг. Ибраим го ранеше своето семејство од собирање шишиња и отпадни работи. Сега од Скопје од ГОБ 8-МИ СЕПТЕМВРИ за да се земе покојниот Ибрим се потребни 600 евра + 150 евра за превоз – вели Демиров.
Тој раскажува дека неговиот другар одвај вадел некој денар за егзистенција и за лекови и открива дека Љатифов е петта жртва од Ковид-19 кај нив во турското маало.
– Молам овa да допре до градоначалникот на Општина Струмица и верувам дека ваквите случаеви ќе бидат подмирени од нивна страна – апелира Демиров.
Авторски текст не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.