Дојдов во ситуација да морам да чистам по куќи за да преживувам, раскажува нашата поранешна фудбалска репрезентативка Ширет Браими за порталот „Спорт1.мк“.
Дамата која пред повеќе од десетина години ги тресеше противничките мрежи како од шега и беше прогласувана за најдобра во Македонија, сега преживува вистинска голгота.
– Минувам низ тежок период од животот. Не верував дека ова ќе ми се случи. Живеам сама, без родители. Браќата и сестрите си создадоа семејства. По потреба, работам и како бебиситерка. Многумина ме препознаваат, ме прашуваат што се случило, не веруваат како е можно еден толку успешен спортист да заврши вака – вели Браими.
Таа е поранешна капитенка на националниот тим, која настапуваше за Шќипоњат од 2002 до 2008 година. Играше со екипата во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, а освои повеќе од десет трофеи.
Целата приказна можете да ја прочитате на „Спорт1.мк“.