Владата го објави списокот на училишта каде што со согласност на Комисијата ќе може да се реализира настава со физичко присуство, но меѓу нив нема ниту едно основно училиште од скопските општини, информира порталот „Фактор“.
И претходно здравствените власти наведуваа дека најголемиот проблем ќе биде во главниот град каде што во основните училишта има преголем број деца. Пред комјутер ќе останат и средношколците во сите скопски гимназии. Во училиште ќе може да одат само учениците од неколку средни училишта каде што голем дел од предметите се стручни.
Останува претходната одлука на Владата настава со физичко присуство само за учениците од прво до трето одделение во сите основни училишта.
Владата го прифати предлогот на Комисијата согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта.
На кои училишта им е дозволена работа со физичко присуство, прочитајте ОВДЕ.