Синоптичарите најавуваат драстична промена на времето во Македонија. За денешниот ден (петок) има услови за засилен ветер, но и врнежи кои во текот на ноќта кон сабота ќе се прошират и во останатите предели.
Во сабота под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат интензивни. Ќе дојде период на постудено време и максималните температури ќе се движат од 16 до 24 степени.
Минималните температури ќе бидат исто така доста ниски, а на повисоките места се очекува и првиот снег.