По дури 13 години од смртта на Тоше Проески, легендарниот македонски пејач конечно доби достојно вечно почивалиште.
Самата основа на објектот е крст кој ја симболизира големата религиозност на Тоше и сите добри дела кои ги правеше во име на вербата во Господ, информираат од општина Крушево за „Женски магазин“.
Авторите на идејното решение, „Архитектоника“, појаснуваат дека фасадата, исто како и почивалиштето и ентериерот се со бел гранит кој ја отсликува чистотата на неговата душа.
– Внатрешноста на објектот изобилува со зелени ѕидови. Отсликување на рајската градина – појаснуваат од „Архитектоника“.
За овој проект Владата одвои 10 милиони денари.