fbpx

Кога ќе умрат, мобилните уште им ѕвонат: Потресно сведоштво на Александра

Исповед која вознемири многумина

Медицинската сестра Александра Мациас конечно собра храброст да ги опише предизвиците со кои се соочува секојдневно.

– Најмногу ме прогонува звукот од ѕвонењето на мобилниот телефон на починатиот пациент чии блиски сè уште не дознале за неговата смрт и сакаат да го слушнат уште еднаш. Никогаш не сум видела вакво нешто. Никогаш порано не морав да се плашам за некој кој е толку здрав, а истовремено смртно болен. Инаку не работам на интензивна нега, но сега сум принудена. Немаме доволно персонал ниту опрема, ниту пак луѓе со искуство. Впрочем, кој би можел да има искуство за оваа болест? Со денови сакав да си одам дома, но колегите секогаш успеваа да ме предомислат велејќи ми дека многу ќе се каам ако престанам да помагам. Затоа и останувам – раскажува Мациас.

Таа нагласува дека сѐ повеќе млади ја губат битката со коронавирусот.

– Многу пацинти се без никакви медицински проблеми. Физички силни луѓе кои работеле по неколку работи додека коронавирусот не почнал да им го уништува телото. Овој вирус дефинитивно убива. Срцето ме боли поради семејствата кои прерано загубија некој, поради оние кои се болни и во страв и поради сите нас кои ќе го преживееме ова, но допрва ќе се соочуваме со внатрешен немир – вели Александра.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Си ги наполнивте децата со комплекси, а уште азбуката не им е научена

Јас кога тргнав прваче имав чанта, тетратка и 50 динари да ти се најдат, ми ги даде дедо ми за сефте, за аирлија чколијата , да носам само 5ки демек…. Нејсеее. Арно истерав, без многу помодарство. Појдовме сабајлето, не собраа во двор , не прочитаа и за рака двајца по […]