fbpx

Си ги наполнивте децата со комплекси, а уште азбуката не им е научена

Јас кога тргнав прваче имав чанта, тетратка и 50 динари да ти се најдат, ми ги даде дедо ми за сефте, за аирлија чколијата , да носам само 5ки демек….

Нејсеее. Арно истерав, без многу помодарство. Појдовме сабајлето, не собраа во двор , не прочитаа и за рака двајца по двајца – во училница и почна филмо. Толку.

Сега, банкети за децава , шопинзи не знам какви, мајкиве фризури нокти средуваат, чанти со gps за децава, книги појачани со лгтб сликчиња, врски фаќање кое кај да учи дете со на перо директоро да бидат во исти клас, телефон таблет и лап топ за секое дете, абе упм прокондуреност, занес до немајкаде….

Да не беше коронава, пола од вас Солун во Космос ќе бевте за да го облечите и спремите детето за на школо. Будали. Кај нас нема ништо, а таму има се.

А да дадевте нешто на некој што нема, на некое семејство, што му треба пар фармерки од пазар или книги или нови чевли за детето нивно? Онака анонимно, без галама. Онака ситно, колку без ич. Тие семејства ги нема на фб, не ги најдувате тука. Отворете очи, можи и ќе ви се згоди да помогните на некој реално и вие; а не да се лицкате и фенсирате по социјални мрежи со срценца , со амин и со туфкање.
Намалете се алооо, сте се пуштиле на најјако, ги наполнивте децава со комплексите ваши; а уште ни азбуката не му е научена!

Фејсбук-статус на Ацко Тоше

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Ти благодарам боже: Сузана Спасовска стана баба

Сузана Спасовска стана баба. Нејзината ќерка Теона со сопругот Виктор Велковски добија ќерка, а радосната вест пејачката ја сподели со фановите на социјалните мрежи. – Дар Божји за родителите и радост голема! На 30-ти септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, благословена, среќна, насмеана […]